На 26.07.2026 во 13:10 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишија од слобода Е.С.(18) од Гостивар. При сообраќајна контрола бил сопрен мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управуван, при што било утврдено дека го управувало нерегистриран и без возачка дозвола. Мотоциклот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.07.2026 во 19:45 часот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, во село Доброште, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишија од слобода Р.И.(53) од село Слатино, тетовско. При сообраќајна контрола било сопрено патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. Возилото му било одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 26.07.2026 во 23:00 часот на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишија од слобода 16-годишен малолетник од Гостивар. Тој управувал нерегистриран мопед без положен возачки испит и учествувал во сообраќајна незгода. Мопедот му бил одземен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полицијата одзеде три возила за еден ден: Возеле без возачка, меѓу нив и 16-годишен малолетник













