На 26.07.2026 на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода В.А.(26) од село Копанце, општина Желино, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.













