Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Над 1.500 хектари се погодени во општините Прилеп и Долнени во големото невреме кое вчера доцна поладнето го погоди овој регион. Силен дожд, ветар и град со големина на орев направја вистински пустош на тутунот, пиперките, царевката и другите култури. Се поѓалија дека држвата нема никаков систем за заштита од вакви невремиња.

„Мислам дека посебно градинарството нема назад враќање, тоа е завршена работа, парите се исфрлени, не можеме да се вратиме. Кај тутунот најдобрите берби, 3 и 4 рака е целосно уништено. Како оштетени јас мислам дека државата треба целосно да не обештети, ние сме колатерална штета на државата. Нашето небо беше заштитено од овие градоносно облаци, на времето со ракети, потоа со авиончето“, истакна Љупчо Бумбароски, земјоделец од с. Големо Коњари.

Се пожалија дека осигурителните компании не сакаат да им го осигураат родот.

„Не ми осигуруваат, а ако осигуруваат, осигуруваат по декар, тон и пол на 20 денари… срамота. Не дај Господ да те мавни град, може да ти дадат некој денар колку да ти вратат тоа што треба да го платиш таму, а сега веќе ниту те бараат.

А за тутунот?

За тутунот нема никакво осигурување, не знам дали има некој осигурано“, додаде Бумабароски.

Земјодлеците ги посетија и од Општина Прилеп од каде ветија дека ќе се формира Комисија за утврдување на штетите. 

„Ќе се направи записник и истиот записник ќе се достави до Владата која е надлежна да разгледува вакви извештаи и да определи висина на надомест на штета на овие земјоделци овде“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Огромни штети има и во долненските села Загорани, Новоселани и Дебреште.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...