ЛС – Штип со мерки против врсничкото насилство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Врсничкото насилство останува еден од најсериозните предизвици со кои се соочуваат учениците, родителите и образовниот систем. Навредите, физичките пресметки, психолошкиот притисок, но и сè почестото насилство преку социјалните мрежи, можат да остават сериозни последици врз децата.

Превенцијата и навременото препознавање на проблемот се клучни за создавање безбедна средина во училиштата, а општина Штип пред стартот на учебната година презема низа мерки за елиминирање на овој деструктивен феномен.

-Уште минатата година се воведоа мерки за дежурства на наставниците во ходниците за време на одморите, така што учениците се постојано под контрола. Исто така, психолошко-педагошките служби ги интензивираа своите задачи и постојано работат со учениците, дават помош и поддршка и на наставниот кадар и на родителите кои доаѓаат во училиштата и се реализираат тие средби, тие советувања, се со цел да се намал проблемот со врсничкото насилство, изјави Снежана Санева, раководителка на Секторот за јавни служби, образование и ЛЕР, ЛС – Штип.

Навремената реакција, разговорот и пријавувањето на секој случај можат да спречат насилството да се повтори или да добие посериозни размери. Покрај санкционирањето на насилното однесување, неопходни се и континуирани работилници, едукативни кампањи, како и развивањето меѓусебна почит и толеранција.

-Во соработка со СВР –Штип се организираат работилници на кои се укажува на опасностите од врсничкото насилство, како да се превенира, да не се шири и да се запознаат децата со последиците од врсничкоо насилство, колку може да биде тоа страшно, поразително и деструктивно во нивниот живот, додаде Санева.

Безбедното училиште е основен предуслов за секое дете да може слободно да учи, да се развива и да го гради своето детство без страв.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...