На 10.09.2026 во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријави дека на 06.09.2026 околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга од беровско. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во друг случај, на 10.09.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж пријави дека на 06.09.2026 во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сопруга А.Б.(37). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, на 10.09.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 54-годишната К.Т. и Д.С.(51), двајцата од Велес. Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека во домот, неговата сопруга К.Т. физички го нападнала. Исто така, тој пријавил дека на 02.09.2026, сопругот на неговата вонбрачна партнерка Д.С., телефонски му се заканувал. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Преземено од: Линк













