(Видео) Интер имаше 0:2, па го победи Удинезе со 5:3

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалерите на Интер го победија Удинезе со 5:3 по пресврт, во последниот натпревар од четвртоот коло од Серија А.

Удинезе го отвори натпреварот брилијантно и поведе во деветтата минута. По центаршутот, Џејмс Абанква беше највисок во скокот и со глава ја испрати топката во десниот агол.

Интер се обиде да одговори, но Мадука Окоје двапати ги одбрани ударите на Маркус Тирам.

Удинезе ја дуплираше својата предност во 16. минута, откако Јирген Екеланкамп ја прими топката во шеснаесетникот и рутински ја испрати во долниот лев агол за 2:0.

Домашните се вратија во игра во 26. минута кога Карлос Аугусто шутираше од далечина и погоди, а само девет минути подоцна следеше израмнување – Николо Барела излезе сам пред Окоје погоди за 2:2.

Интер можеше да го сврти резултатот пред паузата, но Окоје фантастично го сопре Барела во 41. минута.

Сепак, голманот на Удинезе не можеше да го спречи налетот на Интер во второто полувреме.

Во 57-та минута, Маркус Тирам постигна прекрасен гол за 3:2, а во 67-та минута, Франческо Пио Еспозито го постигна четвртиот гол.

Удинезе се обиде да се врати во натпреварот, но Интер во 79-та минута практично го реши прашањето за победникот.

Анже-Жоан Бони прво пропушти одлична можност кога Окоје го одбрани неговиот удар од непосредна близина, но неколку секунди подоцна ја собра одбиената топка и ја затресе мрежата за 5:2.

Гостите успеаја да го ублажат поразот во самиот финиш. Во 90-та минута, Идриса Геј ја искористи асистенцијата на Вакун Исуф Бајо и го погоди долниот десен агол за конечни 5:3.

Актуелниот првак има совршен скор по првите четири рунди и со Рома го дели првото место на табелата.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...