Манчестер Сити ќе пазари во Порто

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Манчестер Сити, во летниот преоден рок изврши целосна реконструкција во редот за врска. Заминаа Родри и Тижани Рејндерс, а на нивните места дојдоа Елиот Андерсон, Енцо Фернандез и Ајуб Буади. Сепак менаџерот Енцо Марсека сака уште еден играч и тој веројатно ќе дојде во зимскиот преоден рок.

Енцо Мареска сака силна конкуренција во редот за врска. Нема голема доверба во искусниот, Матео Ковачиќ, поради што бара уште еден играч, бидејќи е извесно дека Хрватот во јануари ќе го напушти клубот.

Англиските медиуми тврдат дека Сити ќе се засили со Виктор Фрохолд, 20-годишен дански репрезентативец кој беше мета на бројни клубови ова лето, но сепак остана во Порто.

Скаутите на Сити биле на трибините за време на големото португалско дерби помеѓу Порто и Бенфика, откако претходно на дело го видоа и во меѓусебниот дуел, во Лигата на шампионите.

Фрохолд го предводеше Порто во победата над Бенфика 3:1. Постигна гол и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Фрохолд пристигна во Порто во летото 2025 година од Копенхаген, за околу 20 милиони евра. Во првата сезона, тој многу брзо ја оправда инвестицијата, одигра 34 лигашки натпревари и постигнувајќи шест гола и исто толку асистенции.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...