Полициска акција во Тетово и Гостивар: Возач без дозвола со крадени дрва во багажник, паднаа и малолетници зад волан!

0
61
Полициска акција во Тетово и Гостивар: Возач без дозвола со крадени дрва во багажник, паднаа и малолетници зад волан!

На 27.09.2026 во 14:40 часот на клучката Камењане, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (33). При преглед во багажникот биле пронајдени околу 0,5 м³ огревни дрва, а било констатирано и дека лицето управува со возилото без стекнато право на управување, односно без возачка дозвола. Тој е лишен од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, а возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2026 во 18:00 часот во с. Камењане, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „ланд ровер“ без документација, управувано од 16-годишен малолетник од истото село. Констатирано е дека малолетникот управувал без возачка дозвола, по што во присуство на родител е лишен од слобода по член 297-а од КЗ, а возилото е одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 27.09.2026 во 21:30 часот на ул. „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој во присуство на родител бил затекнат како управува мопед „априлија“ без возачка дозвола. Мопедот е одземен и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 28.09.2026 во 01:30 часот во с. Дебреше, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен малолетник од с. Добридол, кој управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без возачка дозвола, казниво по член 297-а од КЗ. Возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.