Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, зборуваше за своето соперништво со напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси. Португалецот го спореди нивното соперништво со она на легендарните возачи на Формула 1, Аиртон Сена и Ален Прост.

– Имавме здраво соперништво, како Аиртон Сена и Ален Прост, и секогаш се базираше на почит надвор од теренот. Постојано се мотивиравме еден со друг да се туркаме подалеку од нашите граници, рече Роналдо во интервју за „CNN Portugal“.

Бразилецот Сена и Французинот Прост возеа за Мекларен во 1988/89 година и се бореа за шампионски титули. Прост освои четири светски првенства, Сена три.

Роналдо (41) е петкратен добитник на Златната топка и европски шампион во 2016 година.

Меси (39) ја освои Златната топка осум пати, што е рекорд.

Тој го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и е двократен победник на Копа Америка.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи