На 14.10.2026 во 19:20 часот на ул.„Штипска“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А.(33) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна сопруга дека подолг период ја навредувал, вознемирувал, а во текот на денот и физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.













