На 14.10.2026 во 14:00 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Т.(20) од Тетово. Претходно, Е.О.(24) од с.Мала Речица, тетовско, пријавил дека околу 10:20 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Б.Т. се обидел да го нападне со остар предмет, при што му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.













