Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка до сите граѓани по повод 17 ноември – Денот на Уставот и 35-годишнината од неговото донесување.

Во честитката, Костадиновски повика на заедничка посветеност кон уставните вредности, нагласувајќи дека силата на Уставот не се состои само во неговите одредби, туку и во колективната свест, одговорноста и посветеноста на граѓаните кон вредностите што ги гарантира.

-Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира.

Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината – истакнува Костадиновски.

Тој посочува дека изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација.

Тоа, како што истакнува претседателот на Уставниот суд, е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.

-Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот – нагласува Костадиновски. 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
73 %
1.3kmh
72 %
Tue
12 °
Wed
16 °
Thu
18 °
Fri
15 °
Sat
15 °

Поврзани написи

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0...

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се...

Покетино објасни зошто ги напушта САД и го презема Јунајтед

Пред неговиот последен натпревар како селектор на САД,...

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот

Охридскиот суд вечерва одлучува дали Кристијан Корабоски ќе...

(Видео) Германија ја декласира Холандија, Грција ја победи Србија

Германската фудбалска репрезентација ја декласираше Холандија со 5:0,...