Обвинителството бара притвор за охриѓанецот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Охридскиот суд вечерва одлучува дали Кристијан Корабоски ќе оди во притвор. Обвинителството се предомисли и мерките на претпазливост кои му беа одредени утринава, ги замени со ефективен притвор, по исказот на Сара и карактерот на нејзините повреди. 26 годишната охриѓанка беше претепана до онесвестување од 31 годишниот Кристијан, при што се здоби со хематоми, нагмеченици и тешки повреди. Сега ќе одговара за 3 кривични дела –  телесна повреда, загрозување на сигурноста и противправно лишување од слобода. 

„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“. 

Мајката на претепаната Сара, изјави дека не се чувствува безбедна, затоа што мајката на Кристијан е поранешната претседателка на ДКСК Љубинка Корабоска, а неговиот татко инспектор во УЈП. Наводно Кристијан изјавил дека што и да направи, неговите родители ќе средат се. Сара била онесвестена од тепањето, па тој помислил дека е мртва. Се јавил кај својот татко и го прашал како да се ослободи од телото, пишува на фејсбук нејзината мајка. 

– „Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ Ова се зборови кои Сара ги слушнала во момент кога се наоѓала во крајно беспомошна состојба. Во целата оваа ситуација се споменува и неговата тетка, мајка на две ќерки, која, контактирала со болницата во која моментално е сместена Сара, со цел да се влијае врз медицинскиот извештај и да се ублажи сериозноста на повредите, како Сара да била само малку изгребана.

Уште пострашно е сведочењето дека во тој момент Кристијан побарал нож и сакал да ја „докрајчи“ – стои во објавата. 

Според пишувањето на мајката на Сара, во тој момент таа се освестила пред да биде фрлена во провалија, па била фрлена на улица. 

Осуда за настанот стигна и од премиерот Мицкоски, кој е во Брисел. Вели дека ќе направи се, лицето кое го сторило овој ужасен напад, да биде изнесено пред правдата 

Таткото на Сара пак, откако неговата ќерка била претепана, на телефон им упатил закани на Кристијан и неговото семејство, па мајката на Кристијан, поранешната претседателка на ДКСК го пријавила во полиција. Тој бил задржан во станица и доби кривична пријава. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
11.5 ° C
11.5 °
11.5 °
73 %
1.3kmh
72 %
Tue
12 °
Wed
16 °
Thu
18 °
Fri
15 °
Sat
15 °

Поврзани написи

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0...

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се...

Покетино објасни зошто ги напушта САД и го презема Јунајтед

Пред неговиот последен натпревар како селектор на САД,...

(Видео) Германија ја декласира Холандија, Грција ја победи Србија

Германската фудбалска репрезентација ја декласираше Холандија со 5:0,...