Вчера (11 март) во 8 часот и 50 минути, од гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ во СВР Тетово пријавиле дека за укажување лекарска помош бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното, малолетникот со неговиот татко претходно биле на објект во изградба на улица „Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар и се повредил на метален предмет.
Увид извршила екипа од СВР Тетово, на кој присуствувал и претставник од Државниот трудов инспекторат. Се расчистува и документира случајот.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Преземено од: Линк













