Како да го заштитите автомобилот од невреме и град – Совети што можат да ви го спасат џебот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Силното невреме сѐ почесто ги затекнува возачите неподготвени. Најголемата опасност? Градот, кој може да предизвика сериозна штета на автомобилот – особено ако има панорамски покрив или е паркиран на незаштитено место.

Церада против град – најдобра заштита

Едно од најефикасните решенија е специјална церада против град. Изработена од дебел и издржлив материјал, таа ги ублажува ударите и ги штити каросеријата и стаклата.

Може да се набави во продавници за авто-опрема, па дури и на некои бензински пумпи. Иако е мала инвестиција, значително го намалува ризикот од скапи поправки.

Ве затекна невреме? Импровизирајте!

Ако немате церада при рака, не паничете. Според советите на стручњаците, автомобилот може да се заштити и со импровизирани средства:

  • Ќебиња
  • Пешкири
  • Патосници
  • Картон

Сѐ е подобро отколку ништо – секој слој што ќе ги ублажи ударите од градот може да спречи кршење на стаклата и оштетување на лимот.

Најбезбедни засолништа при невреме

Ако сте во возење кога ќе започне град, обидете се што побрзо да најдете засолниште. Најдобри опции се:

  • Надстрешници на бензински пумпи
  • Самоуслужни автомијални
  • Покриени паркинзи
  • Јавни гаражи (дори и ако се наплатуваат)
  • Гаражи на трговски центри

Дури и краткотрајно засолнување може да спречи сериозна штета.

Најлоша идеја: Паркирање под дрво

Многу возачи инстинктивно се паркираат под дрвја, мислејќи дека гранките и лисјата ќе обезбедат заштита. Но тоа е многу ризично.

Гранките можат да паднат под силен ветер и дожд, да го оштетат возилото и да претставуваат опасност за минувачите. Затоа оваа опција се препорачува само при стабилно време – никако за време на бура.

Заклучок: Подготвеноста е клучна

Град со големина на јајце не е реткост и може буквално да ја уништи лимаријата и стаклата. Затоа е важно да размислувате однапред:

  • Набавете церада
  • Знајте каде може да се засолните
  • Никогаш не го оставате возилото незаштитено

Брза реакција и добра подготовка може да го спасат вашето возило – и вашиот буџет.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...