(Видео) Тепачка на фудбалски натпревар во Штип, повредени се двајца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Инцидент го прекина првенствениот фудбалски натпревар на првото коло од Републичката пионерска лига меѓу штипска Брегалница и скопско Шкупи, кога на фудбалското игралиште „Бело Брдо“ во Штип возрасна публика од Скопје влезе на теренот, а еден од напаѓачите со клоци удирал по двајца млади фудбалери од домашната екипа. Како што пренесува СДК.мк, инцидентот се случи во последната минута од напреварот за деца родени 2010 година, по еден прекршок меѓу младите фудбалери.

Кога децата бea физички нападнати, на теренот влета и домашната публика и настана општа тепачка. Двајцата домашни фудбалери со тешки повреди се однесени во Клиничката болница во Штип, а полицијата по интервенцијата го приведе главниот напаѓач и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Инцидентот се случи при водство на Брегалница со 2:1.

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

– Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, се вели во соопштението на МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Домашната управа бара од Фудбалската федерација казни за ваквите влетувања на луѓето на теренот, а од гостинската публика и да преземе мерки во иднина да не се даваат вакви лоши примери на младите фудбалери.



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
6.4 ° C
6.4 °
6.4 °
87 %
1.2kmh
99 %
Tue
6 °
Wed
10 °
Thu
11 °
Fri
12 °
Sat
11 °

Поврзани написи

Мбапе: Седев и само чекав Шпанците да ги добијат сите награди

Килијан Мбапе (27) заврши втор во гласањето за...

Мајкл Карик останува менаџер на Манчестер Јунајтед

Мајкл Керик засега останува тренер на Манчестер Јунајтед....

Физички пресметки во Скудриње и Мала Речица: Нападнати две лица

На 26.10.2026 во 13:00 часот во Полициското одделение Ростуше,...