Карик му порача на Тухел дека тројца негови играчи треба да бидат во националниот тим

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик (44), јавно го повика селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел (52), да ги вклучи Хари Мегваер (33), Лук Шо (30) и Коби Мејну (20) во својот следен список. Германскиот стручњак, кој го наследи Гарет Саутгејт, сè уште не повикал ниту еден играч од „Олд Трафорд“ откако ја презеде функцијата на почетокот на минатата година.

Мегваер, искусен репрезентативец со настапи на три големи натпреварувања, не играл за Англија 18 месеци. Слична е ситуацијата и со Мејну и Шо, кои беа во почетниот состав на финалето на Евро 2024 против Шпанија, но оттогаш не добиле повик во националниот тим.

Иако Тухел, кој во еден момент преговараше да ја преземе клупата на Јунајтед кон средината на 2024 година, претходно нагласи дека станува збор за „индивидуални одлуки“ и „не за одлука против Јунајтед“, споменатите играчи се надеваат на повик.

Утре ќе биде објавен составот за пријателските натпревари против Уругвај и Јапонија, а Карик верува дека нивната форма е на ниво кое повеќе не може да се игнорира.

Пред натпреварот од лигата против Борнмут, Карик коментираше за репрезентативниот статус на неговите играчи.

„Не сум бил во контакт со Тухел“, призна тој. „Што се однесува до момците, би сакал да бидат поканети за оваа акција, и секако за летото. Немам влијание врз тоа, но момците се ставија во добра позиција со своите настапи и си дадоа можност“, рече Карик.

Иако репрезентацијата е важна тема, Карик мора да се справи и со клупските обврски и проблемите со повредите. Јунајтед моментално е на третото место, а во петок гостува кај Борнмут без клучните дефанзивци Лисандро Мартинез и Матијс де Лихт,а подолго време е отсутен и Патрик Доргу.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...