Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот.
Искусниот Шпанец потврди дека ќе учествува на релито Дакар во 2027 година, седум години по неговото деби на овој престижен настан.
Алонсо (45), кој има 32 победи во Формула 1 и два триумфа на познатата трка „24 часа Ле Ман“, ќе се натпреварува за „Астон Мартин Дредноут“, проект реализиран од неговиот инженерски партнер „Продрајв“.
Шпанецот возеше на „Дакар“ за прв пат во 2020 година, кога го освои 13-то место во натпреварувањето зад воланот на „Тојота“.
„На крајот, одлуката стана едноставна. Сакав целосно да го прифатам предизвикот и да се натпреварувам и во Формула 1 и во релито Дакар во истата година“, рече Алонсо.
Алонсо не крие колку му значи враќањето на познатото рели, кое го смета за едно од најсложените искуства во неговата кариера.
„Дакар 2020 беше едно од најпредизвикувачките и најубавите искуства во мојата кариера. Имам огромна почит кон оваа трка и специјалистите кои успеаја да ја надминат“, рече Шпанецот.
Особено е интересно што Марк Кома, петкратен победник на релито Дакар во конкуренција на мотоциклисти, повторно ќе биде му биде партнер во автомобилот.
Алонсо нагласи дека Формула 1 останува негов врвен приоритет, но дека не сака да ја пропушти можноста за нови предизвици.
Дакар Рели ќе се одржи од 9 до 23 јануари 2027 година, а главниот дел од релито ќе биде домаќин на Мароко.
Прологот и првата етапа ќе се возат во Португалија.
Организаторите ја сменија локацијата на настанот откако безбедносни причини доведоа до напуштање на претходно планираната Саудиска Арабија.
Алонсо нема да има лесна задача, бидејќи деветкратниот светски шампион во рели, Себастијан Леб, и актуелниот светски шампион во рели-рејд, Лукас Мораес, ќе бидат во истиот тим.
Foto/ Depositphotos
Преземено од: TopSport













