Тетово го одбележа 19 Ноември – Денот на ослободувањето: „Последно ослободен град во Македонија“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Со оддавање почит пред Споменикот на револуцијата, денес (19 ноември 2026 година) во Тетово беше одбележана годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна на 19 ноември 1944 година.

img 9940

Чествувањето започна со интонирање на државната химна, почесна стрелба и едноминутно молчење, во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941–1945 и граѓаните продолжувачи, во соработка со тетовската касарна „Кузман Јосифоски-Питу“.

img 9939

Во рамките на програмата се одржа и историски час, на кој беше прочитана поетската творба „О земјо Македонијо“ од Владо Серафимовски, а беше изложен и реферат посветен на историското значење на овој ден,подготвен од професорот по историја Љубиша Марковиќ од ОУ „Андреја Савески-Ќиќиш“.

„На 19 ноември 1944 година Тетово ја запиша својата најславна страница како последно ослободен град во Македонија.“

Во рефератот беше нагласено дека овој датум е симбол на храброста, решителноста и љубовта кон татковината.Слободата на градот и неговите жители не дошла лесно, туку била платена со животите на бројни борци кои не мислеле на лична корист, туку на иднината на своите потомци и денешните генерации.

img 9961
img 9955
img 9952 1
img 9947

На Споменикот на револуцијата свежо цвеќе положија делегации на општинските организации на Сојузот на борци од Тетово и Гостивар, касарната „Кузман Јосифоски-Питу“, СВР Тетово, Музејот на тетовскиот крај,Организацијата на резервни офицери, политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и ученици од тетовските основни училишта.

img 9963

Одбележувањето на Денот на ослободувањето започна вчера (18 ноември) со свечена академија под слоганот „Победа која се памети – Слобода која се чува“. На настанот беа врачени традиционалните признанија „19 Ноември“ за животно дело, како и за особен придонес и трајни вредности во различни области, збогатен со музичко-сценски настапи.

Tetovo
overcast clouds
16.3 ° C
16.3 °
16.3 °
64 %
2kmh
92 %
Thu
17 °
Fri
16 °
Sat
13 °
Sun
13 °
Mon
11 °

Поврзани написи

Покетино состави список на желби – Јунајтед ќе пазари во зимскиот преоден рок

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, планира...

Ждрепката за ЕУРО 2028 Македонија ја чека од третиот шешир

Со завршувањето на групната фаза од Лигата на...

Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

Фудбалската асоцијација на Англија е заинтересирана да биде...

Статистика за групната фаза од Лигата на нации 2026/27

Ниту една репрезентација, од четирите дивизии на Лигата...