Покетино состави список на желби – Јунајтед ќе пазари во зимскиот преоден рок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, планира да го освежи тимот на позициите лев бек, централен дефанзивец и напаѓач за време на зимскиот преоден рок.

Според информациите од англиските медиуми, 54-годишниот Аргентинец веќе доставил список на посакувани играчи до раководството на клубот.

Стоперот на Евертон, Џарад Брантвејт (24), се споменува како главна цел во одбраната. Манчестер Јунајтед веќе се обиде да го доведе, но Евертон ги одби сите понуди. Бидејќи Брантвејт има договор до 2030 година, клубот од Ливерпул сигурно ќе побара висока отштета, а според „Трансфермаркт“, неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.

На списокот се наоѓаат и двајца играчи на Фулам: левиот бек Антони Робинсон (29), чија цена би можела да биде околу 20 милиони евра, и неговиот соиграч Калвин Баси, проценет на 28 милиони евра. Баси може да игра и на позицијата лев бек и на позицијата стопер.

Желбата во нападот е Доминик Калверт-Луин (29) од Лидс Јунајтед, каде што игра од 2025 година.

Покетино ќе го води првиот натпревар на Манчестер Јунајтед на клупата во недела против Ливерпул. Аргентинецот го наследи Мајкл Карик и го презема тимот кој моментално е на 18-то место, во зоната за испаѓање.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
16.3 ° C
16.3 °
16.3 °
64 %
2kmh
92 %
Thu
17 °
Fri
16 °
Sat
13 °
Sun
13 °
Mon
11 °

Поврзани написи

Тетово го одбележа 19 Ноември – Денот на ослободувањето: „Последно ослободен град во Македонија“

Со оддавање почит пред Споменикот на револуцијата, денес (19 ноември...

Ждрепката за ЕУРО 2028 Македонија ја чека од третиот шешир

Со завршувањето на групната фаза од Лигата на...

Англија сака да биде домаќин на завршницата на Лигата на нации

Фудбалската асоцијација на Англија е заинтересирана да биде...

Статистика за групната фаза од Лигата на нации 2026/27

Ниту една репрезентација, од четирите дивизии на Лигата...