Центарот за управување со кризи извести дека од 112 во 13:05 часот добиено е известување дека по трет пат се јавиле службени лица од Територијалната противпожарна единица Гостивар кои се заглавени со службеното возило помеѓу Хотел Радика, Леуново и Бунец.
Според јавувачот сѐ уште нема пристигнато возило за да им помогне да ги извлече, а со нив се и околу 20-тина други коли кои се заглавени од рано утрото, стои во известието на ЦУК.
Баарат од страна на Македонија Пат да интервенираат со механизација за да се исчисти патот, а исто така бараат од полиција да ги застанат автомобилите бидејќи само се зголемува гужвата.
РЦУК Тетово известува дека по извршениот контакт со пријавителот, добиле информација дека на местото на настанот пристигнало возилото од Македонија Пат, но поради капацитетот не е во можност да ги одглави заглавените возила.
„ЦУК Тетово направиле контакт со одговорното лице од Македонија Пат, секција Маврово кое ја потврдило информацијата и известило дека моментално чекаат поголема машина-Фреза со која би требало да успеат да ја нормализираат состојбата со патниот правец и да ги одглават заглавените возила. Истиот нема прецизни информации за точното време кога ќе стигне машината за што дополнително ќе извести.“, информира ЦУК.
Преземено од: GostivarPress













